Носот на децата е поинаков од носот на возрасните.

Тој е помал и има пократки дишни патишта и поради тоа му е потребна посебна нега.

Возрасните настинуваат 2-5 пати годишно, а децата 3 пати почесто. Организмот на детето сè уште го нема воспоставено природниот имунитет и децата потешко се справуваат со настинките отколку возрасните.

Повеќе за малото детско носе

Самата анатомија на носот на детето е различна во споредба со носот на возрасните. Евстахиевата туба е цевката која го поврзува назофаринксот со средното уво. Кај децата и бебињата таа е пократка и похоризонтална, што може да доведе до побрзо блокирање и појава на инфекција на средното уво. Токму поради специфичните анатомски карактеристики на носот кај децата потребна е посебна нега и хигиена.

Малите деца се уште не знаат сами да си го издуваат носето и поради тоа секретот треба да се омекне и испере. Децата може да се почувствуваат непријатно во текот на овој процес, па затоа количината на растворот мора да се прилагоди.

Носот кај децата